17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSubway ќе создаде 5.000 работни места на Островот

Subway ќе создаде 5.000 работни места на Островот

Синџирот за брза храна „Subway“ планира да отвори над 500 локации во Велика Британија и Ирска во наредните 3 години.

Инвестицијата ќе создаде нови 5.000 работни места, пренесува „Reuters“. Според „Subway“, отворањето на новите објекти ќе одговори на зголемената побарувачка на евтина брза храна.

Значи до 2020-та година местата на компанијата на Островот ќе станат од 2.500 на 3000 локации. „Плановите за проширување треба да ја задоволи побарувачката од страна на корисниците“, посочуваат од „Subway“.

Прогнозите покажуваат дека британскиот пазар на брза храна ќе достигне 22 милијарди фунти во 2021-ва година, што е за 16.1 милијарди фунти повеќе од податоците за 2016-та година, покажува истражувањето на „IGD“.

„Subway“ е под капата на „Doctor’s Associates Inc.“, но самите продавници се отвораат во форма на франшиза – модел сличен на други познати играчи во овој бизнис.

„Subway“ затвори 359 објекти во САД во текот на минатата година поради силната конкуренција на овој пазар.

Во светот синџирот има над 44.000 објекти во 112 земји – од Авганистан до Замбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП