25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика има рекорден суфицит во државната каса

Америка има рекорден суфицит во државната каса

amerika2

Американското министерство за финансии соопшти дека Соединетите Американски Држави минатиот месец оствариле суфицит во државната каса во износ од 113 милијарди долари, што е нa највисоко ниво во последните пет години.

Ова го намали федералниот дефицит во првите седум месеци од буџетската година, со што тој е на најниско ниво од 2008 година.

Стабилниот економски раст и повисоките даночни стапки ги зголемија владините приходи од даноците, додека од друга страна потрошувачката опадна.

Во првите седум месеци од буџетската година, дефицитот изнесуваше 488 милијарди долари. Во истиот период претходната буџетска година, дефицитот беше значително поголем и изнесуваше 720 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП