27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкај Петролеум го загуби спорот со Албанија

Скај Петролеум го загуби спорот со Албанија

Sky-Petroleum-Clients

Арбитражниот суд во спорот со „Скај Петролеум“ во кој оваа компанија бараше обештетување од милијарда долари, пресуди во корист на Албанија.

Во 2010-та година американската компанија потпиша договор со албанското Министерство за економија, трговија и енергетика за добивање на ексклузивно право за ископ на нафта во подрачјето на Думрес.

Но следната 2011-та година Агенцијата за природни извори на Албанија овој договор го поништи поради неисполнување на условите. Компанијата побара обештетување од една милијарда долари, поради едностраното раскинување на договорот кое негативно влиаело врз вредноста на нејзините акции на меѓународната берза.

Сепак Арбитражниот суд го отфрлил барањето на американската компанија и и дало за право на Албанија да добие 382 илјади долари за судските трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП