недела, 1 октомври 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВардар во група со Барселона, Рајн Некар, Нант…

Вардар во група со Барселона, Рајн Некар, Нант…

Европскиот шампион Вардар одбраната на титулата во Лигата на шампионите, во сезоната 2017/2018, ќе ја започне во А групата, која според имињата на останатите екипи е нешто полесна од Б групата.

Вардар, кој не беше носител на ждрепката во Љубљана, ќе игра против Барселона, Рајн Некар Левен, ППД Загреб, Висла Плок, Кристијанштад и Нант.

Во тимот на Нант од наредната сезона ќе настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, додека дресот на Рајн Некар Левен го носи Филип Талевски, а во Барселона еден од голманите е Борко Ристовски.

Во Б групата каде нисител е Веспрем се уште Кјелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест, Цеље, Фленсбург и Кил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП