26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошки кои придонесуваат за блескава насмевка

Овошки кои придонесуваат за блескава насмевка

Ова се неколку овошја кои позитивно влијаат на здрвјето и изгледот на вашите заби.

Банани

Делумно помага бананата, но многу повеќе нејзината лушпа. Со кружни движења поминете ги забите и непцата. Правете го тоа барем 2 минути, а потоа забите измијте ги со паста. По неколкудневна употреба на бананата ќе забележите дека има разлика.

Јагоди

Јагодите се вистински пријатели на здравјето на забите. Во нив има овошни киселини кои спречуваат создавање дамки од храна и пијалаци на забите.

Јаболка

Веќе позната природна „четка“ за заби се јаболката. Кога џвакате јаболка, парчињата се протнуваат помеѓу забите и непцата, а во устата се излачува плунка која ги чисти забите од бактерии, неутрализира киселини и на тој начин ги чува забите од кариес.

Лимон

Киселините од цитрусот, особено лимонот и лиметата во себе има ензими кои ги убиваат бактериите меѓу кои и оние кои се виновни за лошиот здив. Освен тоа, содржат киселина која ги нагризува дамките од храна и пијалаци кои се појавуваат на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП