10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ последните даночни засолништа го веат белото знаме

И последните даночни засолништа го веат белото знаме

И последните даночни засолништа, кои се обидуваат да се спротивстават на глобалните мерки против даночното затајување, веќе се пркосат на политичкиот притисок по скандалот со „Панамските документи“ (Panama Papers), соопштуваат од организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според организацијата минатата година е постигнат „значаен напредок“, бидејќи во „црната листа“ на префрлани центри кои одбиваат соработка, веќе нема значителни дестинации.

„ОЕЦД“ наведува дека во оваа листа веќе фигурира само една држава – Тринидад и Тобаго, која не ги почитува меѓународните стандарди за транспарентност. Таму сепак финансискиот сектор не е голем и не се смета дека тоа крие значаен ризик.

Според пресметките на Организацијата преку даночната амнестија земјите членки собрале дополнителни 85 милијарди евра од откриени даноци. Околу 500.000 даночни обврзници откриле офшор средства во такви фирми.

Голем случај е Индонезија, која не членува во „ОЕЦД“. Таму се декларирани скриени средства за 336 милијарди долари.

Зајакнувањето на транспарентноста е резултат на зголемениот притисок врз даночните засолништа, кој започна за време на глобалната финансиска криза. Нов поттик беше даден минатата година, кога беа објавени т.н. „Панамски документи“ на правна фирма која им помагала на своите клиенти да избегнуваат даноци преку офшор компании.

Со нови ангажмани се намалува ризикот даночните засолништа како Панама, ОАЕ и Бахамите да привлекуваат пари од други офшор центри кои имаат усвоено построги правила.

Весникот потсетува дека по објавувањето на „Досиејата Панама“, Г-20 побара од „ОЕЦД“ да изготви листа на даночните засолништа пред самитот на лидерите на најбогатите држави во јули 2017-та година.

Црната листа требаше да вклучува држави кои не одговориле на најмалку два од трите критериуми: да се барем во голема мера компатибилни при размена на даночни информации по барање, да се посветени за автоматска размена на информации и посветеност за размена на информации на мултилатерална основа.

Според „ОЕЦД“ сите финансиски центри се договориле за автоматска размена на информации и потпишале или побарале да потпишат мултилатерален договор за негово спроведување.

Четири земји веќе имаат воведено и законите потреби за спроведување на обврските. Така од септември тие ќе можат да пренесуваат банкарски информации на странски даночни органи.

Според активисти сепак критериумите не се доволни за постигнување на целосна транспарентност, а САД се практично „слонот во стаклениот магазин“.

„ОЕЦД“ признава дека САД не се согласиле да се ангажираат да се приклучат на „општиот стандард за известување“, како што се вика иницијативата за автоматска размена на податоци, но ќе продолжат да разменуваат информации за сопствените правила пропишани со законот за оданочување согласно на странските сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП