12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИницијатива за укинување на забраната за продажба на алкохол во трговијата по...

Иницијатива за укинување на забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19/21 часот

Во јули оваа година се навршуваат 9 години од усвојувањето на измените во Законот за трговија со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци и се воведоа дополнителни скапи лиценци (20,000 денари по објект) за продажба на алкохол во малопродажните трговски објекти, со важност од 2 години.

Членките на Здружението на трговијата се едногласни дека се потребни повеќе иницијативи за измени и дополнувања на законската регулатива од областа на трговијата, во интерес на трговските компании, но и во интерс на потрошувачите и на државата.

Потребна е дерегулација во секојдневното работење на компаниите од областа на трговијата, досега оптоварено со бројни ограничувања и администрација. Законските ограничувања иницираат избегнување на примената на некои одредби, кое предизвикува незаконско работење и појава на „сива“ економија.
Од девијантните појави штета има и државата и компаниите што стриктно се придржуваат при примената на комплетната законска регулатива.

Седница на Здружението за трговија

На седницата се покрена иницијатива за измена на законските одредби што ја регулираат продажбата на алкохолни пијалаци. Компаниите бараат укинување на одредбите поврзани со големите трошоци за добивање лиценца за продажба на алкохолните пијалаци, како и работното време за нивната продажба и физичкото одделување на алкохолните пијалаци.

Оценка е дека со овие одредби драстично ќе се дерегулира работењето на трговските компании, ќе се воспостави еднаквост на пазарот, ќе се намалат трошоците во секојдневното работење, а приливот во државниот буџет нема да се намали, поради поголемата потрошувачка.

Присутните ја поздравија спремноста на Владата на Република Македонија и министерствата од економските ресори за поголема соработка со бизнис заедницата. Поради тоа, компаниите се договорија да иницираат измени и дополнувања и на повеќе други закони кои позначајно влијаат врз работењето на компаниите во областа на трговијата и истите да ги достават до соодветните министерства, со соодветни аргументирани образложенија.

Факти и бројки

Граѓаните преку интернет петиција бараат укинување на забраната за продажба на алкохол по 19 часот (во есен и зима) и по 21 часот (во пролет и лето).

Во јули оваа година се навршуваат 9 години од усвојувањето на измените во Законот за трговија со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци и се воведоа дополнителни скапи лиценци (20,000 денари по објект) за продажба на алкохол во малопродажните трговски објекти, со важност од 2 години.

Измените во законот беа донесени без претходна транспарентна процедура и консултација со засегнатите страни (производителите на алкохолни пијалаци, трговците и сопствениците на малопродажните објекти). Веднаш по донесувањето на овие законски ораничувања, поголемиот дел од медиумите критички известуваа за овие мерки, нарекувајќи ги рестриктивни и ригидни („прохибиција“ во 21 век).

Единствениот ефект од ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа е зголемувањето на производството и трговијата со алкохол „на црно“, што нанесува директна штета на консументите (нема контрола на квалитетот на алкохолните пијалаци што се продаваат на црно); за државата (загуба поради неплатени даноци и акцизи); и за домашната индустрија за пијалаци и легалните трговци кои мора да плаќаат огромни давачки (лиценци), а се соочени со намалување на прометот.

Бенефити за сите

Ако државата ја укине забраната ќе има екстра прилив во буџетот (од акцизи), што секако можат да се искористат за други намени на заедницата (субвенции во земјоделството, за покачување на плати и пензии…)

Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолните пијалаци беше да се намали консумацијата на алкохол во земјата, особено кај младите. Но, напротив, во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен во 2016 година, се констатира: „Консумацијата на алкохол денес не е само појава кај возрасните лица туку и кај младите луѓе, чиј број од ден на ден станува сè поголем“.

Според познавачите, единствена ефикасна мерка за намалување на достапноста на алкохолот кај младите е доследната и ригорозна примена на законските одредби за забрана на продажба и точење на алкохол на малолетници, а не „прохибиција“ за сите.

Во западноевропските земји пијалаците со низок процент на алкохол (на пример пивото и виното) се третираат како храна, а не како жестоки алкохолни пијалаци. Медицински е докажано дека умерената консумација на ваквите пијалаци (пиво и вино) има бројни придобивки за здравјето на луѓето.

Пивото не може да биде причина за зголемување на алкохолизмот затоа што Македонија е земја со многу ниска консумација на пиво. Годишната консумација на пиво по жител во нашата земја не надминува 30 литри годишно. За разлика од кај нас, во Чешка се пијат околу 160 литри по глава на жител, во Ирска 130, Германија 120, Хрватска 85, Србија 75 литри….. Во ниедна од овие земји не постојат ограничувања за продажба на пивото.

Домашнашната индустрија за пијалаци и трговијата трпат големи загуби поради постоечкиот закон, што ја намалува нивната конкурентност и потенцијал за натамошен одржлив развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП