ЕКОНОМИЈА

Во кои земји во светот НЕ треба да оставате бакшиш

Земјите во светот се разликуваат значително, кога станува збор за oставањето на бакшиш.

Додека во повеќето западни земји тоа е генерално прифатлива пракса, бакшишот е табу во други дестинации.

Погледнете каква е етиката во различни земји во светот:

Без бакшиш

Не треба да оставате бакшиш во рестораните во Бразил, Кина, Јапонија и Холандија.

Кога станува збор за такси услуги, бакшиш не се претпоставува во Кина, Грција, Јапонија и Мексико.

До 10%

Ако сте во посета на Египет, Германија, Грција, Индија, Италија, Мексико и Турција, треба да оставите на персоналот во ресторанот до 10% од сметката.

Имајте на ум дека во Франција обично се додадени 10% за услугата во сметката. Сепак етиката бара и вие да го наградите напорот на персоналот.

Над 10%

Во Австралија и Нов Зеланд се прифаќа бакшишот да е во износ од 10-15% од сметката. Во Канада тој отскокнува до 20%. Во Јужна Африка и Југоисточна Азија е во редот на нештата бакшишот да изнесува до 13%.

Истото се однесува и за Шпанија и Португалија. Во САД воспитувањето бара да оставите меѓу 15 до 25% на сметка кога ќе посетите ресторан.