25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРасел Вестбрук МВП на сезоната (видео)

Расел Вестбрук МВП на сезоната (видео)

Бекот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.

Вестбрук зад себе има неверојатна сезона, која ја заврши со просечен трипл-дабл учинок. Бекот на Оклахома сезонава одигра 82 натпревари, а на 42 забележа трипл-дабл, а во тие мечеви тимот забележа 33 победи.

Во просек Вестбрук имаше учинок од 31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции. Тој беше најдобар во Западната конференција во ноември и декември, а четири пати сезонава беше играч на неделата.

Во изборот за МВП на сезоната Вестбрук зад себе ги остави Каваи Ленард од Сан Антонио и Џејмс Харден од Хјустон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП