Подготовките за 56. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое годинава ќе се одржи од 23 до 28 август во Струга, се движат кон крајот. Поетски читања ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и во Скопје.
Покрај учесниците од странство, во програмата ќе учествуваат и македонските поети во разни својства. Како учесници поети ќе бидат поканети и сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“.
Годинава се одбележуваат 55 години од востановувањето на оваа награда во 1963 година. Од македонските учесници ќе бидат и петте автори на книгите кои ќе се најдат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.