29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМока досега продадена во 100.000 примероци

Мока досега продадена во 100.000 примероци

moka

Откога пред седум месеци се појави во продажните салони на Опел, моделот Мока беше продаден во 100.000 примероци.

Според зборовите на луѓето од германскиот производител побарувачката за овој мал СУВ автомобил е најголема во Германија, Русија, Англија, Италија и Франција.

„Опел Мока направи огромен успех за само неколку месеци по излегувањето на пазарот. За да го освоиме врвот во овој сегмент, автомобилот ќе го збогатиме со нови верзии, содржини и врвни мултимедијални уреди, се со цел ова возило да им се допадне на поголем број на купувачи“, вели Данкан Алдред потпретседателот на одделението за продажба, маркетинг и услуги во Опел.

Моделот Мока сега е достапен со уште еден погон. Додека бензинската единица 1.4 турбо на почетокот беше достапен само со погон на сите тркала и шестостепен мануелен менувач, сега купувачите можат да порачаат и модел со погон на предните тркала и рачен или автоматски менувач.

moka1

Опел Мока 1.4 со шестостепен рачен менувач и старт/стоп технологијата има просечна потрошувачка од 5.9 литри бензин на 100км со емисија на CO2 од 139 g/km. Оваа верзија забрзува од нула до 100 km/h за 9.9 секунди и постигнува максимална брзина од 193 km/h.

Унапредена е и внатрешноста на возилото и тоа со воведување на понуда на нов мултимедијален систем „CD 600“ и „Navi 950“ со 7 инчен екран во боја со висока резолуција кој прикажува и слики од задната камера која е како опција.

Исто така достапна е и „Bluetooth“ поврзаност за телефонирање и репродукција на музика од паметните уреди. Во понудата е и „Bose“ аудио систем со шест звучници, сабвуфер и дигитален засилувач.

Козметичките подобрување ја опфаќаат новата „Orange Rock“ металик боја и опционите 19-инчни алуминиумски фелни со новиот петокрак дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП