30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Промоција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Утре, со почеток од 11 часот, во Прличевата одаја при НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Најавено е на промоцијата да говори писателот Тоде Илиевски.

Делата од оваа едиција може и да се купат во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и во националните библиотеки во Охрид, Битола, Штип и Тетово.

На издавачите им е дозволено допечатување примероци и слободна продажба на пазарот.

Цената на книгите е прилагодена и е идентична на производствената цена.

Проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ е поддржан од Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП