6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоследен ден на Фестивалот „Скопје синема сити“

Последен ден на Фестивалот „Скопје синема сити“

Фестивалот за музички документарци „Скопје синема сити“, вечерва, 19 јуни, ќе ја има својата завршница.

Од 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Да живее Рок” (Long live Rock), „Во сеќавање на Лу Рид” (Remembering Lou Reed), a oд 21 часот на програмата следува филмот „Дејвид Боуви кај Би-би-си“ (David Bowie at the BBC), со што официјално ќе биде спуштена завесата на ова фестивалско издание.

Во претходните четири фестивалски вечери беа прикажани филмовите кои предизвикаа интерес кај љубителите на музичката уметност, за легендите Крафтверк, Жан Мишел Жар, за џез легендата Ејми Вајнхаус, кралиците на џезот Ела Фитџералд, Моцарт, Френк Запа и други, како и филмот за концертот на Дерек Меј и Џијан Емин, заедно со Франческо Тристано и оркестарот Ламуру.

По традиција, во текот на годината овој фестивал доживува и репризно издание, за што публиката дополнително ќе биде информирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП