16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Светската потрошувачка на пиво се повеќе се намалува

График на денот: Светската потрошувачка на пиво се повеќе се намалува

Светот очигледно смета дека алкохолот кој се испи, му е доволен, коментира „The Econoimst“.

Волуменот на глобално консумираните алкохолни пијалоци се намали за 1,4% во 2016-та година до 250 милијарди литри, покажува консултантската компанија „IWSR“. Ова е втора последователна година на пад и само третата со слични резултати откако почнуваат да се собираат податоците во 1994-та година.

Падот се должи на луѓето кои пијат помалку пиво кои формираат околу три четвртини од обемот на целиот конзумиран алкохол. Светската потрошувачка на пиво се намали за 1,8% до 185 милијарди литри во минатата година.

Сепак бидејќи светското население на возраст на која може да употребува алкохол, е зголемено за 1% во текот на овој период, потрошувачката на пиво на возрасен е намалено дури повеќе – со 3,2%. Генералното намалување се должи речиси целосно на помалата потрошувачка на три од петте најголеми пазарот. Кина, Бразил и Русија придонеле за 99,6% од светскиот пад во обемот на испиено пиво во 2016-та година.

Како економијата, така и променливите вкусови ја одиграа својата улога во случајот. Кина ја надмина САД, претворајќи се во најголемиот пазар во светот за пиво по обем во 2001-ва година. Сега азиската земја употребува една четвртина од сето пиво. Потрошувачката на човек сепак го достигнало својот врв во 2013-та година и е намалено дополнително во минатата година.

Една од причините за тоа е дека Кинезите се пренасочуваат од евтините домашни брендови кон поквалитетни производи и увозните пива. Пивото станува и се помалку популарно кај постарите Кинези. Лицата над 30 години се пренасочуваат кон вино, а над 40-тата година – кон националниот пијалок.

На други места рецесија удрила по џебовите на љубителите на пиво. Како во Бразил, така и во Русија просечната потрошувачка на возрасен е намалено за 7%.

Трендовите се менуваат и кога жителите почнуваат да стануваат побогати. Во студија од 2016-та година Лизбет Колан и Јохан Свини од „University of Leuven“ ги истражуваат ефектите на растот на приходите и глобализацијата врз потрошувачката на пиво во 80 земји меѓу 1961-ва и 2009-та година. Тие откриваат дека кога БДП-то по глава на жител се зголемуваат во посиромашните земји, пивото станува популарно. Но кога вредноста достигнала околу 27 илјади долари по глава на жител, потрошувачката повторно почнала да опаѓа, веројатно затоа што луѓето разбрале какви опасности има алкохолот врз здравјето.

Корисниците може да почнат да избираат и поскапи пијалаци, на пример вино, кога веќе можат да си го дозволат. А потрошувачката на пиво се зголемува кога земјите ќе станат глобализирачки, откриваат авторите на студијата. Кога меѓународните компании за алкохолни пијалоци влегуваат на пазарот, љубителите може да си најдат нов омилен пијалок.

Веќе со децении корисниците на пазарите во развој ја тераат продажбата на пиво да расте. Последните податоци покажуваат дека овој тренд почна да бледее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП