6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБрој еден светскиот диџеј Мартин Гарикс на „Скопје колинг 2017“

Број еден светскиот диџеј Мартин Гарикс на „Скопје колинг 2017“

Мартин Гарикс, во моментов број еден светски диџеј, ќе настапи како хедлајнер на фестивалот „Скопје колинг 2017“ на 23 јуни, на стадионот АРМ во Градки парк. Ова е прво доаѓање на Мартин Гаркис во регионот.

Познатиот диџеј светската слава ја стекнува на 17 години со хитот „Анималс“, а во моментов е актуелен со хитовите „Во име на љубовата“, „Страв ми е да сум сам“, песни што буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Гарикс, на фестивалот „Скопје колинг“ ќе настапат и повеќе музички имиња и диџеи од регионот, како Алекс Адаир, специјален гостин е Џакс Џонс, а поддршка ќе им бидат домашните Дуо З и Галоски. Лани на „Скопје колинг“ настапија диџеите Дејвид Гета, Робин Шулц и Кунгс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП