3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКинотека: Почнува „Скопје синема сити“

Кинотека: Почнува „Скопје синема сити“

Од денеска до 19 јуни 2017, во Кинотека на Македонија ќе се одржува третиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, кој ќе биде отворен со филм за Крафтверк.

– Фестивалот пред сѐ сака да го прикаже богатството и разновидноста на музичкиот свет и затоа програмата е зачинета со документарни филмови од светот на електронската музика.

Па така, покрај Крафтверк, во истата вечер следува и филм за Жан Мишел Жар – „Патешествие низ електронската музика“, соопшти организаторот на фестивалот.

Во наредните денови ќе бидат прикажани филмови за џез и боса нова музиката: „1959 – годината која го промени џезот“ и „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“, потоа за џез-дивите Били Холидеј, Нина Симон, Ела Фицџералд, Пеги Ли, Сара Вон, серијал филмови за класична музика: „Задоволството наречено Моцарт,“ филм за авангардната класична музика на Франк Запа – „Современиот композитор одбива да умре“, проекција на концертниот филм „Дерек Меј и Џијан Емин“…

Фестивалот ќе заврши со портрет на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за Би-би-си, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП