25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот на Volkswagen - Design Vision GTI

Концептот на Volkswagen – Design Vision GTI

36_5.34

„Volkswagen“ и официјално го претстави концептот „Design Vision GTI“ на манифестацијата „Wothersee 2013“. Овој концепт е базиран на моделот „Golf GTI“ но е специфичен по новиот преден дел со LED светла, преден сплитер и истакнати странични детали.

Возилото исто така доби и нов заден брани, одвоен „C“ столб како и 20-инчни алуминиумски тркала. Кокпитот поседува командна табла од јаглеродни влакна со луксузни украси и „alcantara“ тапацир.

36_2.34

Исто така можеме да видиме и дигитална група на инструменти, спортски управувач и рачки на вратите кои се инспирирани од „Porsche“. Концептот исто така поседува прекинувач за исклучување на системот за електронска контрола на стабилноста како и активирање на системот за спречување на пожар.

Погонот на овој модел е обезбеден од twin-turbo 3.0L V6 моторот кој развива снага од 503ks и 560Nm вртежен момент. Овој мотор е поврзан со „DSG“ трансмисија како и систем за погон на сите четири тркала кои на овој концепт му овозможуваат да забрза од 0 до 100km/h за 3.9 секунди и да достигне максимална брзина од 300km/h.

36_3.34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП