20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОд утре почнува Францускиот филмски фестивал

Од утре почнува Францускиот филмски фестивал

Десетта година по ред Францускиот институт во Скопје го организира Францускиот филмски фестивал во Македонија. Фестивалот годинава ќе има поширока децентрализирана димензија, во форма на патувачки фестивал низ целата земја, информираше директорката на Францускиот институт во Скопје, Изабел Марки- Барбо.

„Ние ќе ја прославиме десетгодишнината со еден мал историјат, со кој ќе покажеме зошто францускиот филм има толку успех во Македонија. Може да се каже дека францускиот филм е присутен уште пред 40 години, а секоја година имаа сè побројна публика. Секоја година се прикажуваат филмови кои важат за класици во француската кинематографија, при што бројни актери, актерки и режисери имаат добивано бројни награди“, рече Изабел Марки- Барбо, директорка на Францускиот институт во Скопје.

Филмскиот критичар Сунчица Уневска на денешната прес-конференција даде краток осврт на францускиот филм во моментов.
„Во контекст на настанот, за мене најточна е изјавата на Жилиет Бинош, која ја прочитав во едно интервју, во која вели дека моќта на францускиот филм е во разновидноста.Таа вели дека француската филмска индустрија и понатаму е релевантна, и покрај доминацијата на Холивуд, бидејќи нуди простор за креативни проекти“, рече Униевска.

Инаку, фестивалот се одржува од 14 јуни до 19 ноември 2017, во 10 градови во Македонија при што ќе се одржат недели на француски филмови со цел промовирање на францускиот и франкофонскиот филм.

Фестивалот ќе се затвори со проекции на неколку француски филмови во рамките на Синедејс, во присуство на млади француски филмски таленти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП