4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Кипар е меѓу енергетски најзависните земји во ЕУ

ЕК: Кипар е меѓу енергетски најзависните земји во ЕУ

image_gallery

Европската комисија е загрижена поради зависноста на Кипар од увозот на нафта и нагласи дека островската држава е меѓу енергетски најзависните во Европската унија, пишува кипарскиот весник „Филелефтерос“.

Според податоците на ЕК енергетските потреби на Кипар во 2010 година биле речиси целосно зависни од увозот на нафта.

– Уделот на нафатата во енергетските потреби на Кипар е меѓу највисоките во ЕУ, со исклучок на Малта, каде тој изнесува сто проценти, се наведува во документот на Комисијата, насловен како „Енергетска зависност на државите-членки“.

Во документот се нагласува дека уделот на нафтата во енергетскиот баланс на Кипар во 2010 година изнесувал 95 проценти.

Во 2009 година Кипар беше меѓу земјите со највисока цена на струјата во ЕУ. Растот се движеше меѓу 20 и 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП