19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW планира суперавтомобил за 2016-та година

BMW планира суперавтомобил за 2016-та година

bmw-super-05

Баварскиот производител има намера на пазарот да пушти модел кој ќе биде ривал на „Audi R8“.

„BMW“ во својот каталог ваков автомобил нема уште од 1981-ва година кога беше продаден последниот од вкупно 453 примероци на легендарниот модел М1. Според информациите новиот суперавтомобил ќе има ретро детали од моделот М1, но и најновата современа технологија на „BMW“.

Конструкцијата и каросеријата ќе бидат изградени од лесни материјали, како што се алуминиум, јаглеродни влакна, магнезиум, па дури и титаниум кој се користи во воздухопловната индустрија, се со цел да се ограничи вкупната маса на возилото на 1250 kg.

Целта на „BMW“ на пазарот да понуди суперавтомобил се толкува како желба во јавноста да се истакне спортскиот имиџ на брендот кој донекаде се наруши со претставувањето на атипични возила како што се електричните или хибридните модели „i3“ и „i8“ или концептот „MPV Active Tourer“.

Автомобил како моделот M8 би допринел репутацијата на „BMW“ како производител на спортски и тркачки возила да биде зачувана.

Се очекува идниот М8 да биде поставен на платформата на хибридниот „i8“, додека за моторот ќе биде задолжен 4.4 литарски „TwinPower“ турбо-бензински мотор со директно вбризгување кој се користи во моделот M5.

Инженерите на германскиот производител планираат постоечката единица да ја засилат на 600-650 ks, а моторот би бил поврзан со осумбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

Вака замислениот автомобил на пазарот би се натпреварувал со моделите како што се „Audi R8“, „Mercedes SLS AMG“ или на неодамна претставениот „Porsche 911 Turbo“.

Ако „BMW M8“ дефинитивно добие зелено светло овој автомобил би можел да се очекува во продажните салони во 2016-та година, а се очекува неговата цена да изнесува околу 250.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП