3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Египет

S&P го намали кредитниот рејтинг на Египет

standard1

Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard and Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на Египет поради неуспесите на владата да ги задоволи финансиските потреби на земјата.

Долгорочниот кредитен рејтинг на Египет е намален од „В-“ на „СС+“, додека краткорочниот рејтинг е намален од „В“ на „С“.

„Ова намалување е одраз на нашето мислење дека египетските власти допрва треба да развиjат среднорочна стратегија за управување со фискалните потреби на земјата“, се додава во соопштението од агенцијата, пренесува Франс Прес.

Шансите дека египетските власти ќе ги исполнат своите фискални цели и ќе ги намалат надворешните притисоци се намалени, проценува „Standard and Poor’s“.

Египетската економија е погодена од политичката криза и немирите кои избувнаа во 2011 година, кога беше соборен Хосни Мубарак.

Исламистичкиот претседател Мухамед Мурси, избран во јуни минатата година, вети дека ќе ја извлече земјата од економската криза, но неговото досегашно владеење е обележано со политички поделби и постојани немири и насилство.

Преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за клучниот пакет помош за Египет од 4,8 милијарди долари во моментов се наоѓаат во ќорсокак, а ММФ неодамна соопшти дека Каиро мора да покаже посветеност во реформската агенда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП