29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеѓу „милионерите“ пристигнуваат Фавр и Балотели

Меѓу „милионерите“ пристигнуваат Фавр и Балотели

Лусиен Фавр повеќе не е тренер на Ница. Фавр ќе го наследи Томас Тухел на клупата на Борусија Дортмунд, а по негова желба прво засилување за „милионерите“, најверојатно, ќе биде Марио Балотели.

Како што пренесува германски „Кикер“, Борусија ги договорила сите услови со Фавр, но треба уште со Ница да ја договори отштетата.

Фавр една сезона беше во Ница каде што имаше успешна соработка со контроверзниот напаѓач Марио Балотели. Токму Италијанецот е првата желба на Фавр. „Супер Марио“ во нападот треба да го замени Обамејанг, кој замина во ПСЖ.

Фавр со Ница избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, а Балотели минатата сезона постигна 17 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП