5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМКЦ: Нов танцов проект „Ова не е сон“

МКЦ: Нов танцов проект „Ова не е сон“

„Ова не е сон“ е насловот на новиот танцов проект на Колектив Ветерница, што ќе биде изведен во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, во понеделник (5 јуни) во 19:00 часот.

Овој перформанс е резултат на овогодишната работа во рамките на редовните часови по танцов театар со деца од 6 до 12 години, информираат од колективот.

„Низ процесот на работа храбро ги истражувавме границите на нашето заедничко создавање почитувајќи ја индивидуалноста како основата на здружувањето, но исто така и нашите капацитети и волја за негување на танцовиот театар“, велат од „Ветерница“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП