21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски

Промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски

Промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“ ќе се одржи в четврток, на 1 јуни, во 12.30 часот, во националната галерија Даут Пашин амам.

Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е проф. Владимир Величковски.

Монографијата на Вељо Ташовски дава пресек и своевидно толкување, анализа на целокупното творештво на авторот, со посебен акцент на одредени фази во неговото творештво, нагласувајќи ја неговата значајна улога во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

На промоцијата ќе се обрати промоторот Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на текст во публикацијата, и Костадин Танчев – Динка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП