24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВевчани беше инспирација за младите учесници на Малиот битолски Монмартр

Вевчани беше инспирација за младите учесници на Малиот битолски Монмартр

По свеченото отворање на 36- тиот, по ред, Мал битолски Монмартр, од Битола тргнаа два ликовни каравана.

Едниот, со стотина деца, неделата ја мина во импресивниот амбиент на населбата Вевчани. Старата архитектура и Вевчанските извори, беа најпривлечниот амбиент за младите ликовни творци.

Согласно традицијата, патувачката мисија на Малиот битолски Монмартр, наредниве денови ќе престојува и во Охрид.

Манифестацијата ќе трае 6 дена, со стотина учесници од 14 земји во светот.

Малиот битолски Монмартр, се одржува од 1982 година, во организација на Детското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј”.

Годинава, пристигнале 10.000 цртежи од 32 земји – соопштија организаторите.

Гран-прито и од годинешниот Мал битолски Монмартр, патуваа, за Чешка, чии млади ликовни уметници, го освојуваат по трет пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП