30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ја финансира НАТО и со колку?

Кој ја финансира НАТО и со колку?

За време на самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше земјите кои не плаќаат доволно и големите кои заостануваат со плаќања, генерирани од некои од нив.

Францускиот весник „Le Figaro“ објаснува како се финансира НАТО и кој учествува во финансирањето.

Иако самитот на Алијансата стана дијалог меѓу „глуви“ и декларирање на повеќе нејасни намери, буџетот и учеството на земјите членки беа предмет на многу дискусии зад кулисите.

Кој финансира во НАТО и како се распределуваат ресурсите?

28-те земји членки (26 од Европа, САД и Канада) даваат директен придонес во буџетот на НАТО. Директните годишни трошоци на организацијата надминуваат 2 милијарди евра. Финансирањето на институциите и структурата на НАТО се договараат на секои две години, како и квотата на секоја држава.

САД се главните обврзници со 22.14%, следени од Германија со 14.65%, Франција со 10.63% и Велика Британија со 9.85%. Тие треба да дадат придонес за три различни буџети: цивилниот буџет, воениот буџет и програмата на НАТО за инвестиции во служба на безбедноста.

Три различни буџети и неколку нетранспарентни поени

Воениот буџет е најголем. Тој достигнува 1.29 милијарди евра во 2017-та година. Буџетот влијае на работењето и одржувањето на структурата на командата на НАТО.

Поделен е на 35 подбуџети кои можат да бидат финансирани конкретно од некои земји, во согласност со стратешкиот интерес. Воениот буџет сепак не го финансира испраќањето на воени сили или воена техника од земјите членки за една операција.

Цивилниот буџет ги покрива административните трошоци поврзани со програмите на Меѓународниот секретаријат на НАТО: вработени, цивилна опрема. Во 2014-та година во Алијансата работат 6.000 цивили, од кои 1.000 во седиштето на организацијата.

Функционирањето на централата и јавните односи зависат премногу од овој буџет кој достигнува 235 милиони евра во 2017-та година.

Конечно инвестициската програма во служба на безбедноста служи за финансирање на некои воени инвестиции за земјите членки, како создавање на информациски системи, штабови и инфраструктура за надворешни операции (аеродром, горива …). Оваа програма има 655 милиони евра во 2017-та година.

Сметководството на НАТО останува „матно“ по некои премини – претежно трошоците поврзани со тајни операции, и некои сојузници изразија незадоволство дека не можат да утврдат колку директни средства се користат.

Индиректно финансирање на НАТО: националните буџети за армијата

НАТО функционира и благодарение на индиректно финансирање, бидејќи земјите членки обезбедуваат во служба на организацијата воени средства. Поконкретно, една држава финансира „индиректно“ во НАТО, ако учествува во операција предводена од организацијата.

Секоја земја решава суверено дали ќе учествува во една операција, освен кај случаите на напад против друга земја членка, кога е обврзана да се ангажира врз основа на член 5 од Северноатлантскиот договор.

За време на предизборната кампања Доналд Трамп редовно ја обвинуваше Германија по ова прашање, велејќи дека Берлин треба да плати „големи суми“, за да се израмни по тоа индиректно финансирање.

Германија ги поддржуваше операциите предводени од НАТО, но нејзината армијата не се обврзува на соодветното буџетирање. Германија издвои само 1.2% од бруто домашниот производ за одбрана, додека НАТО поставува цел од 2%.

Во Брисел американскиот претседател го повтори ова барање. САД издвои 3.61% од својот БДП за одбрана, Грција, Естонија, Велика Британија и Полска го почитуваат правилото за 2%, но останатите 28 земји членки не ја исполнуваат оваа цел.

Во рамките на буџетот за одбрана делот за инвестиции во опрема треба да е 20% – праг, кој го почитуваат само 10 од 28-те земји членки.

Нерамнотежа, која предизвикува политички проблеми

Овие нерамномерности во воениот потенцијал ги продлабочува разликите во општиот буџет на НАТО. Американскиот буџет претставува над 70% од вкупниот воен буџет на земјите од Алијансата. А тоа создава голем број политички проблеми.

Освен тоа влијанието кое одговара на американската моќ која фактички е прекумерна, може да ја наруши рамнотежата во изборот и содржината на мисии на штета на европските држави, забележува „Le Figaro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП