Во суштина, целата приказна за успешен бизнис се сведува на неколку едноставни подготовки. Иако сите тие се очигледни, малкумина се придржуваат кон нив. Вие, секако не спаѓате во таа група и свесни сте дека за квалитетна работа потребно е да го обезбедите подолу наведеното:
1. Силно лидерство
Основен предуслов за успех во бизнисот е да се зајакне раководството. На тој начин ќе го зајакнете и тимот, а потоа тој ќе биде инспириран да ве следи. Визијата треба да ја фокусирате на целите кои ги надминуваат личните аспирации на вработентите. Тоа се цели во името на “општото добро” на компанијата.
2. Јасна визија
Компанијата мора да има јасни краткорочни и долгорочни цели. На прв поглед, тоа ви се чини едноставно, но не е. Јасната визија нема за цел само да ја унапреди компанијата во однос на добивката, туку таа треба да ги земе во предвид и желбите на вработените.
3. Квалитетно познавање на пазарот
Компанијата мора да го најде своето место на пазарот и потоа адекватно да оперира. Во денешно време, кога „Google“ ни ги дава сите одговори, мрзливоста и недостатокот на ангажман се нашите најголеми непријатели. И запомнете, секогаш бидете информирани за конкуренцијата.
4. Детален бизнис план
Јасната визија и информираноста се само дел од приказната. Без квалитетен и детален бизнис план, многу малку од замисленото ќе остварите. Секоја задача поделете ја на неколку мали делови, за да се осигурате дека e возможна. Креирајте детален финансиски план, но истовремено водете сметка за тоа дека финансиската конструкција мора да биде флексибилна, за да можете да одговорите на непланираните предизвици и трендови.
5. Директно и индиректно натпреварување
Дури и најдобрата деловна стратегија лесно ќе пропадне, ако ве претекне конкуренцијата. Познати трговски компании, поминуваат месеци во анализа на пазарот на кој сакаат да инвестираат.
6. Финансиска конструкција
Имате почетен капитал или треба да земете кредит? Дали сте кредитно способни? Ќе бидете ли во можност да го враќате кредитот? Првата година од работењето, најчесто сите фирми работат со загуба. Бидете среќни ако остварите ‘позитивна нула’.
7. Однос со клиенти
Односот со клиентите е од исклучителна важност. Научете да ги негувате односите со клиентите. Замислете ситуација во која односот со клиентот е нарушен – како ќе го поправите? На што сте спремни да ја вратите довербата на клиентот?
8. Добро регулиран синџир на снабдување
Акумлирање на резервите е контрапродуктивно, но не можете ни да си дозволите недостаток на производи. Добар тајминг, внимателно однесување, и анализа на купувачот се секогаш клучни елементи во регулацијата на синџирот за снабдување.
9. Донесување на одлуки
Лидерот мора да знае кога ќе ризикува, а кога е време за повлекување.Треба секогаш да ја препознае шансата, и никогаш да не оди по линија на помал отпор. Одлука донесете во следниве девет чекори:
– Анализа на ситуација
– Дефинирање на проблемот
– Поставување на јасна цел
– Креирање на алтернативни цели
– Направете проверка на алтернативите
– Донесете одлука
– Развивање и примена на решение
– Следете ги резултатите
10. Законски и правни рамки
Добро проучете ги своите права, можности и ограничувања. Не само во рамките на вашиот бизнис, туку и општите правила за работење и стопанисување, правата на работниците, правата на работодавачите итн.