21 февруари, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈа оставате кесичката чај во шолјата додека го пиете? Еве зошто треба...

Ја оставате кесичката чај во шолјата додека го пиете? Еве зошто треба да престанете да го правите тоа

Помина времето кога чајот го пиевме само кога бевме настинати. Се повеќе луѓе во светот кафето го заменуваат токму со овој напиток, но повеќето од нив прават голема грешка.

Секој чај има некое својство кое го прави одличен за здравјето, но секогаш меѓу нив се истакнува црниот чај, кој го регулира притисокот, го запира стеснувањето на атериите, а лекарите велат дека и значително ја намалува можноста за заболување од рак. Флавоноидите во овој чај го намалуваат производството на штетниот холестерол, па ја намалуваат и можноста од срцев и мозочен удар. А одличен е и за смирување на главоболка и подобрување на менталните способности.

Меѓутоа, сето тоа ќе го поништите доколку го пиете заедно со кесичката во шолјата, што повеќето од нас го прават.

„Никако не треба да ја оставате кесичката од црниот чај во шолјата. И онака чаевите од кесичка се со полош квалитет, односно имаат многу помалку делотворни состојки од природниот сушен чај, а и послаб вкус. Сепак, кога ќе ја оставите кесичката цело време при пиењето во чајот, се создаваат реакции со кои се губат делотворните состојки, а останува горкиот и опорен вкус“, предупредуваат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП