2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија продава дел од своите акции во „Ромпетрол“ за 200 милиони долари

Романија продава дел од своите акции во „Ромпетрол“ за 200 милиони долари

rompetrol

Романија продава 26 отсто од акциите во нафтената компанија „Ромпетрол“, што се во сопственост на државата, за сума од 200 милиони долари.

Романската Влада и „Ромпетрол“, во која доминантен сопственик е казахстанската државна компанија „Казмунајгаз“, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се предвидува романската нафтена групација да откупи 26 отсто од своите акции од Агенцијата за државни удели и приватизација на индустријата (ОПСПИ) за сума од 200 милиони долари.

Согласно Меморандумот, Романија во следните три години ќе задржи 18 проценти од акциите во „Ромпетрол“, по што ќе може да започне постапка и за евентуална нивна продажба.

Како што соопшти романската Влада, со потпишаниот Меморандум се елиминира потенцијаниот ризик од инсолвентност на „Ромпетрол“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП