19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите во САД стануваат уште побогати, а роботи ќе ги заменат сиромашните

Богатите во САД стануваат уште побогати, а роботи ќе ги заменат сиромашните

Јазот меѓу богатите и сиромашните во САД е во пораст. Разликата во годишните приходи на домаќинствата во топ 20% и најсиромашните 20% се зголемила за 29.200 долари до 189.600 долари меѓу 2010-та и 2015-та година, покажуваат пресметките на „Bloomberg“, базирани на податоците на Бирото за попис на населението на САД.

Компјутерите и роботите преземат многу видови на задачи, така што им помагаат на некои вработени и во исто време ја зголемуваат продуктивноста на луѓето со специјализирани вештини, придонесувајќи на тој начин за јазот.

„Технолошкиот развој се повеќе ги дислоцира ниските и средноквалифицираните вработени и во исто време ги надополнува висококвалификуваните работни места“, вели Чад Спарбер, доцент на Универзитетот Колгејт и декан на факултетот за економија.

Според прогнозите поместувањето на луѓето од машините ќе продолжи. Околу 38% од американските работни места може да се изложени на висок ризик од автоматизација до почетокот на 30-тите години, покажува истражувањето на „PricewaterhouseCoopers“.

Најзагрозените индустрии се трговијата на мало и на големо, транспортот, индустријата, како и вработените со пониско образование кои се соочуваат со најголеми предизвици.

Употребата од компаниите на вработени на привремен договор или со скратено работно време за намалување на трошоците, исто така ја зголемува разликата меѓу богатите и сиромашните. Порастот на платите не одговара на зголемувањето на трошоците за домување и за задоволување на основните потреби. Со зголемувањето на поделбата се зголемуваат тешкотиите за најсиромашните 20%.

Живеалиштата со пристапни цени пример се оскудни во земјата, а тоа ги принудува вработените да најдат засолниште далеку од работното место и да патуваат долго и со повеќе трошоци до него. Цената на кириите во САД се зголеми за 3.9% во март во однос на истиот период од лани, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Технолошките центри се меѓу петте големи области во кои разликата помеѓу домаќинствата со највисоки и најниски примања се зголемила најмногу – два во Калифорнија, Сан Франциско и Сан Хозе, како и Остин и Сиетл. Петтата е Фејрфилд во југозападниот дел на Конектикат. Мнозинството од вработените со полно работно време се вработените во заедниците со висок приход и работат во сектори како што се финансиите, осигурувањето, научните и техничките служби. Речиси половина од вработените во градовите со ниски приходи се вработени во трговијата на мало, индустријата, градежништвото, администрацијата и преработката на отпадот.

„Bloomberg“ ја пресметува и промената во разликата меѓу супер богатите (топ 5%) и средната класа (просечните 20%). Таа се зголемила за 58.800 долари. Забележано е и зголемување на јазот во самата средна класа, а разликата меѓу приходите на домаќинствата од повисоките и долните нејзини слоеви се зголемила за 9.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП