Министерството за финансии согласно деловникот на Уставниот суд, сè уште нема законско право да ги исплаќа субвенциите до носење конечна одлука од страна на Судот.
Минатата среда Уставниот суд донесе само решение, а конечна одлука се очекува да биде донесена оваа среда. Уставен суд им било посочено дека само по основа на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите туку согласно Деловникот на Судот мораат да почекаат носење конечна одлука, која се очекува в среда.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.
„Министерството постапува строго согласно законите. Согласно законската регулатива Министерството досега немаше можност за исплаќање на субвенциите, односно од распишување на изборите до избор на влада. И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука в среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на Субвенциите“, рекоа од Министерството за финансии.