17 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајмалерозниот играч во Англија е Фабињо да Силва

Најмалерозниот играч во Англија е Фабињо да Силва

Бразилецот Фабињо да Силва, веројатно, е најмалерозниот играч кого еден премиерлигашки клуб може да го донесе во своите редови. Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед е вистински малер за секоја екипа во која настапуваше по заминувањето од „Олд Трафорд“.

Фабињо, заедно со својот брат Рафаел, во 2008 година пристигна во Манчестер Јунајтед, но за разлика од братот не доби вистинска шанса кај тогашниот менаџер Алекс Фергусон.

Тој уште во 2012 година замина на позајмица во Квинс Парк Ренџерс. Истата сезона „ренџерите“ испаднаа од Премиер лигата. Фабињо потоа еден краток период мина во Јунајтед, а потоа клубот го проследи во Кардиф.

Меѓутоа, во тоа време амбициозниот тим од Велс, по доаѓањето на Фабињо испадна од најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Бразилецот, сепак, реши да остане во Кардиф, каде имаше три „мирни“ сезони во Чемпионшип дивизијата (Втора лига).

На почетокот на оваа сезона Фабињо за сума од два милиони евра се пресели од Кардиф во Мидлзброу.

Неговото доаѓање не беше среќен за Мидлзброу бидејќи овој тим по само една сезона во Премиер лигата ќе се врати во Чемпионшип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП