17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва на Мајските оперски вечери ќе се прикаже хрватската претстава „На пат“

Вечерва на Мајските оперски вечери ќе се прикаже хрватската претстава „На пат“

Претставата „На пат“ на Хрватскиот народен театар од Сплит вечерва гостува на Мајски оперски вечери со балетска кореографија на реномираниот Игор Киров.

Претставата е по музика на Јохан Себастијан Бах, а настапуваат 17 танчери: Екатерина Кузњецова, Матеа Милас, Габриела Меде, Ева Карпиловска, Хазуки Танасе, Тина Хатлак, Лејла Бајрамовиќ, Аља Кадриќ, Артјом Жусов, Иван Бојко, Александар Корјаковски, Ремус Димаче, Ромулус Димаче, Урош Шкапер, Аскатбек Јусупжанов, Јевен Барановски и Франческо Бруни.

Костимографијата е на Александар Ношпал, а дизајнер на светло е Бранимир Бокан. „На пат“ е музичко­сценско дело што стои на работ меѓу сонот и реалноста. Користејќи ги како музичка подлога „Голдберг варијациите“ на Бах, балетот комбинира класични и современи танцови елементи во изведба на 17 танчери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП