2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛегендарниот француски актер Ален Делон го снима последниот филм

Легендарниот француски актер Ален Делон го снима последниот филм

Легендарниот француски актер Ален Делон(81) изјави на филмскиот фестивал во Лиеж дека наскоро ќе го сними својот последен филм, пренесува агенцијата Белга.

Снимањето почнува наесен, филмот ќе го режира Патрис Леконт, а партнерка на Делон ќе биде Жилиет Бинош.

„Тоа ќе биде мојот последен филм, бидејќи како што боксерот не сака меч повеќе, така ниту јас сакам филм повеќе“, рече Делон.

Иконата на седмата уметност откри дека станува збор за улога специјално пишувана за него, но други детали за филмот не откри.

Делон на големиот екран последен пат се појави во 2008 година во филмот „Астерикс на Олимписките игри“, каде што го глумете Јулие Цезар.

Од тогаш е посветен на театарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП