6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува македонскиот дел од снимањето на „Сенките над Балканот“- политички трилер на...

Почнува македонскиот дел од снимањето на „Сенките над Балканот“- политички трилер на Бјелогрлиќ

Станува збор за политичка трилер драма со елементи на мистика. Дејствието е сместено во 30-тите години на минатиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно во Кралството Југославија.

Локации во Преспанско и Битолско од задутре ќе бидат употребени за дел од сцените на снимањето на серијата „Сенките над Балканот“ во режија на Драган Бјелогрлиќ. Овој телевизиски серијал, работен по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ, е копродукција помеѓу „Кобра Филм“ од Србија, „Скопје Филм студио“ од Македонија и „Искра-Москва“ од Русија.

Станува збор за политичка трилер драма со елементи на мистика. Дејствието е сместено во 30-тите години на минатиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно во Кралството Југославија.

Пред снимањето во Македонија му претходеше снимање на повеќе локации низ Србија, во студиото „Баранда“, а предвидено е снимање и во Црна Гора и Русија.

Епизодите се базираат на сценарија напишани од повеќе автори: Драган Бјелогрлиќ, Даница Пајовиќ, Дејан Стојиљковиќ, Владимир Кецмановиќ, а со главниот режисер на серијалот, на дел од епизодите ќе работат и Коста Ѓорѓевиќ, Данило Бечковиќ, Срѓан Спасиќ, Мирослав Лекиќ и Игор Иванов.

Улогите во „Сенките над Балканот“ ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Бранимир Брстина, Слободан Бода Нинковиќ, а од Македонија играат актери: Тони Михајловски, Перо Арсовски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдул

Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а истиот е финансиски поддржан и од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП