27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе отвара нова меѓународна рејтинг агенција

Се отвара нова меѓународна рејтинг агенција

creditagency1

Новата меѓународна кредитна рејтинг агенција „Universal Credit Rating Group“, која ја основаат компании од Кина, Русија и САД, ќе започне да функционира во Хонг Конг на 25 јуни оваа година, пренесуваат странските медиуми.

Новата услуга е основана од страна на три рејтинг агенции – кинеската „Dagong Global Credit Rating“, руската „RusRating“ и американската „Egan-Jones Ratings Company“, поради зголемување на нивото на објективност во проценката на економските процеси во светот, беше прецизирано на брифингот за новинарите во седиштето на новата агенција во Хонг Конг.

„Стана очигледно дека сегашниот систем на доделување на кредитен рејтинг не одговара на потребите на современиот свет. Новата агенција има намера да придонесе за реструктуирање на системот“, изјави генералниот директор на „RusRating“, Ричард Хајнсворт. Тој ќе биде извршен директор на „Universal Credit Rating Group“.

Новата компанија, според неговите изјави, има намера активно да се развива и да стане еден од клучните играчи на пазарот. Сега доминира големата тројка на агенции за кредитен рејтинг – „Standard & Poor’s“, „Fitch“ и „Moody’s“, кои се на мета на обвинувања за пристрасност и не целосна објективност во проценката на ризици во условите на неодамнешната криза.

„Сакаме да создадеме нов концепт, кој е составен дел од системот за „двоен рејтинг“. Ваквите рејтинзи ќе бидат сигурни и повеќе јасни“, изјави Хајнсворт. Притоа, новата рејтинг агенција, нема да ги застапува интересите на било која земја или група.

„Universal Credit Rating Group“ ќе биде отворена за соработка со другите рејтинг агенции од различни земји, а исто така, ќе придонесе и во соработката меѓу руските и кинески банки, додаде Хајнсворт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП