3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdecco потона за 40 проценти

Adecco потона за 40 проценти

adecco1

Најголемата светска агенција за вработување „Adecco“ во првиот квартал оствари профит од 67 милиони евра.

Овие бројки се пад од 40 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Приходите на оваа милтунационална компанија, со седиште во Швајцарија, во првиот квартал од 2013 година беа пониски од оние кои ги очекуваа аналитичарите. Тие изнесуваа 4,56 милијарди евра, што е намалување од 10 проценти на годишно ниво, пренесуваат швајцарските медиуми.

Трошоците за реструктуирање во првиот квартал достигнаа 11 милиони евра, од кои 6 милиони евра отпаѓаат на реорганизацијата на активностите во Франција.

На францускиот пазар, кој е главниот пазар на компанијата „Adecco“, приходите изнесуваа 1,05 милијарди евра, што е пад за 17 проценти, додека во Северна Америка тие се зголемија за 2 проценти, на 888 милиони евра.

Во Швајцарија, која учествува со само два проценти во вкупните приходи, беше забележан пад на приходите од девет проценти, на 89 милиони евра.

На јапонскиот пазар, приходите исто така се намалија, и тоа за 21 процент, на 292 милиони евра, додека во земјите во развој, „Adecco“ забележа пораст на приходите од четири проценти, на 449 милиони евра, особено благодарение на динамичните активности во Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП