2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Битола три дена ќе се прикажува „Ах, љубов моја“

Во Битола три дена ќе се прикажува „Ах, љубов моја“

Центарот за култура Битола информира дека од денеска и во наредните два дена, во нивното 3Д-кино, премиерно ќе се прикажува македонскиот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски.

„Филмот ‘Ах, љубов моја’ ќе се емитува на 2, 3 и 4 мај, а големиот интерес на публиката за овој проект се должи на навиката која се создаде кај културната јавност за доаѓање во кино“, велат од Центарот за култура Битола.

Од таму информираат дека во периодот од 1 јануари до 1 мај или за период од четири месеци, филмските проекции во битолското 3Д-кино ги гледале 24.564 гледачи, и тоа, како што се наведува, е рекорд од денот на почетокот на работа на киното, но и потврда за високата кино-култура на јавноста во овој град. Минатата година во првите четири месеци на кино биле 14.150 гледачи, во 2015 година регистрирани се 14.895, а во 2014 година 8.983 посетители.

Според репертоарот на битолското 3Д-кино, во овој период ќе бидат емитувани и филмовите „Фатален исход“ во режија на Елиот Лестер, цртаниот филм „Ото истражувач на длабочини“ во режија на Хулио Сото Гурпид и други филмски проекти од државата и странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП