11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтарите кашкавали го продолжуваат животниот век и спречуваат рак на црниот дроб

Старите кашкавали го продолжуваат животниот век и спречуваат рак на црниот дроб

Старите кашкавали како што се чедар, бри и пармезан можат да го продолжат животниот век и да спречат појава на рак на црниот дроб, покажаа резултатите од новото истражување.

Студијата на Универзитетот „A&M“ од Тексас откри дека овие кашкавали содржат соединение познато како спермидин, кој спречува репликација на оштетените клетки на црниот дроб и фиброза, акумулација на ткивото кое се јавува кај повеќе болести на органите и хепатовелуларниот карцином кој е најчест облик на рак на црниот дроб.

По спроведувањето на експериментот на глувци, истражувачите откриле дека нивниот живот се продолжил за импресивни 25 проценти. Кога спермидинот така би делувал и на луѓето, животниот век од просечните 81 година би бил продолжен на 100.

Научниците утврдиле дека редовното консумирање на намирници како што се печурки, соја, мешунки и интегрални житарки, може да го има истото дејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП