1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој четврт Македонец пазари на интернет

Секој четврт Македонец пазари на интернет

Интернет трговијата зема залет – се повеќе Македонци пазарат online. Расте и бројот на домашни продавници, но сепак странските и натаму го држат приматот.

На интернет најчесто се купува облека и спортска опрема (54.7% од нарачките), електронска опрема (16.3%), производи за домаќинство (13.1%), хотелско и друго сместување (9.7%), други аранжмани и патувања (7.3%). Храна и прехранбени производи (8.2%). Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС најчесто се пазари од продавници надвор од Европа (58.6% од купувачите), потоа од Македонија (40.8%), па од остатокот од Европа (20.7%).

Најголем дел од трансакциите на интернет (43%) се во вредност од 50 до 99 евра. Потоа следат оние кои се помали од 50 евра (33%), помеѓу 100 и 499 евра (19%). Не се регистрирани трансакции со поголема вредност од 1.000 евра.

Според податоците за 2016-та, 24.8 проценти од Македонците барем еднаш купиле нешто online, во 2015-та процентот бил под 18.

Податоците на Народната Банка (НБРМ), пак, покажуваат дека минатата година Македонците потрошиле речиси 85 милиони евра за купување online. Најголем дел (72.8%) кај странски трговци. На крајот на 2016 година имало 711 интернет продажни места, но нема податок колкав дел од регистрираните се и активни на пазарот.

Во Македонија се издадени 1 милион и 828 илјади платежни картички, заклучно со декември минатата година. Според НБРМ најголем дел (80%) се дебитни, а останатите кредитни (20%). 60% од картичките се Visa; 36% MasterCard; а 4% се American Express, Diners или останати. Нема податоци колку од картичките имаат одобрено опција за плаќање преку интернет.

Стравот дека при пазарење online може да останете и без пари и без производ, но дури и да ви бидат украдени личните податоци, се уште владее во Македонија. Сепак, упатените објаснуваат дека ризикот е дури и помал од веројатноста да бидете ограбени на улица – објаснуваат упатените.

„Безбедноста на податоците на корисникот е гарантирана. Системот на електронската продавница функционира на тој начин што ниту еден податок не се зачувува, бидејќи страната каде се внесуваат податоците е директна страна на банката“, објаснува менаџер за продажба во продавница за групни попусти.

При пазарење на интернет треба да се применуваат општите мерки на претпазливост – да не се користат јавни компјутери, да се купува само од проверени online продавници.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП