3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за земјоделство апелира винарските визби да ги подмират обврските кон лозарите

Министерството за земјоделство апелира винарските визби да ги подмират обврските кон лозарите

lozari

Винарските визби да ги подмират своите обврски кон лозарите за откупеното грозје во претходните години и да ги достават извештаите за исплатата, апелира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во спротивно, како што соопшти, ќе бидат преземени законските механизми, глоба од 2.500 до 5.000 евра за правното лице кое нема да го достави навреме извештајот и 600 до 1.000 евра за одговорното лице.

– Одговорното лице на производителот на вино ќе се казни за кривично дело со затвор од една до пет години доколку достави невистинит извештај за исполнети финансиски обврски за купено винско грозје во претходната година, додека производителот на вино ќе биде избришан од Регистарот ако достави невистинит извештај или воопшто не го достави, наведува Министерството.

МЗШВ ги потсетува производителите на вино дека согласно одредбите од Законот за вино и Правилникот за формата и содржината на Извештајот за исполнети финансиски обврски за купено винско грозје во претходната година, се должни секоја година најдоцна до 30 април да достават извештај за претходната година за исполнување финансиски обврски за купено винско грозје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП