4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХоландскиот роман „Судбина“ објавен на македонски јазик

Холандскиот роман „Судбина“ објавен на македонски јазик

Во издание на „Македоника“, неодамна е објавен романот „Судбина“ од холандскиот писател Луси Коуперус, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски.

Луис Мари-Ан Коуперус (1863 – 1923) е една од најистакнатите фигури на холандската литература, клучен претставник на симболизмот. Во 1923 година ја добил престижната награда „Толенс“, која се доделува на секои пет години за опус со највисока книжевна вредност. Во своето време, бил водечки холандски романописец и единствениот чиишто дела уште тогаш биле преведени на англиски, француски и на германски јазик.

Романот „Судбина“ (1890) раскажува приказна за двајца пријатели; тоа е роман за пријателството, но и за фатализмот. Приказната се однесува на двајцата пријатели – Франк Вестхофе и Роберт ван Маерен. Кога една зимска ноќ Ван Маерен се наоѓа во Лондон и скита по улиците без скршена пара во џебот, неговиот стар пријател Франк великодушно му ја отвора вратата на својот дом и дели сѐ со него….

По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сѐ кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели.

Денес „Судбина“ се смета за едно од најзначајните класични дела на холандската литература.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП