28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАдидас ќе ги штити правата на вработените во Азија

Адидас ќе ги штити правата на вработените во Азија

soc_adidas

Германскиот производител на спортска опрема Адидас соопшти дека ги охрабрува работниците во фабриките од своите азиски добавувачи, евентуалните жалби анонимно да ги праќаат директно во компанијата по пат на текстуални пораки преку мобилните телефони.

„Телефонската линија за пораки ќе им овозможи на вработените едноставно да испратат СМС порака кога ќе сметаат дека нивните права се прекршени“, соопшти компанијата која е во сопственост на брендот Рибок.

Од компанијата очекуваат со овој потег да го надминат комуникацискиот јаз меѓу менаџерите и работниците.

Компанијата соопшти дека идеата успешно е тестирана во фабриката на добавувачот од Индонезија и сега ќе биде применета во уште четири во таа земја како и во една фабрика во Виетнам.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП