Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето во сингл и во полуфиналето во двојки на турнирот во Кјасо, Швајцарија.
Лина Ѓорческа во осминафиналето во два сета (6:2, 6:3) ја совлада квалификантката Кјара Грим од Швајцарија и во четвртфиналето ќе игра против Катинка фон Дајхман.
Ѓорческа заедно со Бугарката Александра Најденова, во игра на двојки, славеа против Швајцарките Албон и Кенел со 6:3, 6:2. Македонско-бугарската комбинација за пласман во финалето ќе игра против француско-швајцарската комбинација Гергес-Сињо.
Наградниот фонд на турнирот во Кјасо иснесува 25.000 долари.