16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиното и гастрономијата можат да станат заложници на преговорите за Brexit

Виното и гастрономијата можат да станат заложници на преговорите за Brexit

Доколку го запрашате Чезаре Чеки што мисли за „Brexit“, ќе ја направи истата гримаса, ако отвори шише од своето „Кианти класико“ во која виното се вмирисало на затка.

„Сите сме многу загрижени, бидејќи ситуацијата е нејасна“, истакнува Чеки кој е на чело на една од најпознатите династии во светот на италијанското вино.

Чезаре Чеки го изразува мислењето на многу од производителите, кои дошле оваа недела во североисточниот италијански град Верона, за да учествуваат во „Vinitaly“ – најголемиот винаро-лозарски саем во земјата.

Илјадниците производители и љубители на виното често го споменуваат „Brexit“ во разговорите крај 4.000-те штандови на саемот.

Алекс Канети, директор на лондонскиот увозник „Berkmann Wine Cellars“, не ги крие големите стравувања дека виното и гастрономијата можат да станат заложници на преговорите, кои започнале официјално меѓу Лондон и Брисел.

Неодамна британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон ја истакна потребата Италија да се согласи да има слободна трговија со Велика Британија, доколку сака таму да продолжи да го продава познатото „Prosecco“. „Токму од тоа се плашевме. Едноставно си рековме: О, Боже мој!“, забележува Алекс Канети. Според него во основата на проблемот може да се покаже токму прехранбената индустрија, а не толку често споменуваните финансиски услуги и нуклеарните технологии.

На преговарачите може да им текне да го користат виното или сирењето, за да ги исплашат луѓето, објаснува професионалец во индустријата. Според него, „тие многу добро знаат дека особено во Франција има групи на винопроизводители, подготвени да ги стартуваат камионите и да организираат протести. Па тоа е начин да се притисне Европа, доколку не се согласуваат на тоа како што Британците би сакале“, предупредува Канети.

Велика Британија произведува сосема малку вино, само од неколку хектари во Англија и Велс. Жедта на Британците за црвено и бело вино, меѓутоа никогаш не била регулирани и Велика Британија е еден од главните пазари на француските и италијанските винарии по САД.

Увозот на вино во Велика Британија од ЕУ достигна 2,6 милијарди евра во минатата година.

Земјата во која се пијат големи количини на пиво веќе неколку години стана приврзаник на „Wine O’Clock“ – момент на опуштање со чаша вино. Ова доведе до бум на продажбата на австралиско „Шардоне“, италијанското „Pinot Grigio“, а во последно време и на „Prosecco“ – бело пенливо вино, кое се произведува во Венето, чиј увоз минатата година скокна со над 30 проценти.

Овој успех направи така дека некои европски вински региони станаа особено чувствителни на флуктуациите на британскиот пазар.

А ако не биде постигнат договор за „Brexit“ по две години, увозот на вино од ЕУ ќе стагнира, додека австралиското, јужноафриканското и новозеландското вино ќе се увезува ослободени од царински давачки по силата на билатералните договори кои Лондон сака да ги склучи со овие земји.

Слабеењето на британската фунта, исто така може да ја зголеми цената за потрошувачите што ги загрижува европските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП