10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛуан Старова одликуван со големото француско признание Офицер од редот на Легија...

Луан Старова одликуван со големото француско признание Офицер од редот на Легија на честа

Академикот и писател Луан Старова, е одликуван со големото француско признание Офицер од редот на Легија на честа.

Старова е првиот амбасадор на Република Македонијна во Франција, универзитетски професор и писател.

Признанието му го врачи, Амбасадорот на Република Франција, Кристиан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција.

„Академик и писател, универзитетски професор по француска и компаративна книжевност и прв амбасадор на Република Македонија во Париз, Луан Старова го добива ова значајно француско одликување за неговиот голем придонес во развојот на односите помеѓу двете земји. Амбасадорот Старова одржува блиски контакти со многу писатели, поети и француски мислители на нашето време, како Едгар Морен, Морис Дрион, Робер Мале, Анри Мешоник, Андре Френо и други, придонесувајќи на тој начин за подобро да се разбере регионот на Балканот во клучните години од последната деценија на дваесеттиот век“, се наведува во објаснувањето.

Ова одликување се доделува за заслуга на личности кои имале исклучителен придонес за промоцијата на Франција и на вредностите што таа ги застапува и претставува во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП