4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа сиромашните региони во ЕУ им требаат инвестиции, но во точните сектори

На сиромашните региони во ЕУ им требаат инвестиции, но во точните сектори

Сиромашните и неразвиените региони во ЕУ имаат потреба од повеќе инвестиции, но тие треба да бидат насочени конкретно кон човечкиот капитал, иновациите, квалитетот на институциите. Ова го покажуваат податоците од извештајот на Европската комисија.

Анализата опфаќа вкупно 47 регионот во 11 земји од ЕУ.

Експертите опфатија региони со ниски примања повеќето во Бугарија (без југозападна Бугарија), Полска, Унгарија и Романија. Во нив, бруто домашниот производ (БДП), измерен по куповна моќ е под 50% од просекот на заедницата. Нерзавиените региони се главно во јужниот дел на Европа – повеќето региони во Грција, Шпанија, Италија и Португалија. Кај нив БДП-то е под 90% од просекот на заедницата.

Инвестициите можат да дојдат и преку инструментите на кохезионата политика на ЕУ, коментираат од ЕК при претставувањето на извештајот. На пример инвестициите во човечкиот капитал, подобрување на вештините на работната сила можат да бидат поттикнати преку европските фондови.

Во прилог на многу од регионите има проблематичната инфраструктура која може да биде изградена со средства на кохезионата политика на ЕУ. Всушност повеќето нерзавиени држави вложуваат токму на инвестиции во инфраструктурата, но тоа се менува во текот на годините – во 2000 – 2006 година на пример 56% од средствата од фондовите се користат за инфраструктура, а во периодот 2013 – 2020 година овој процент е веќе 35 отсто.

Сега средствата се насочуваат кон човечкиот капитал што веќе сугерира за промена во приоритетите.

Парите од ЕУ во сиромашните региони, сепак се уште се препраќаат кон транспортните проекти, но тоа за возврат одразува поголемата потреба од инфраструктурни подобрувања. Податоците покажуваат дека во земјите со пониски приходи од просекот на ЕУ, регионите околу главните градови имаат корист главно од европските средства.

Во однос на националните приоритети кај инвестициите во земји како Италија, Португалија, Шпанија, Унгарија и Полска се вложуваат на конкурентноста и вработувањето, додека во Грција, Бугарија и Романија инвестициите се кон животната средина, транспортна и енергетска инфраструктура.

За да се зголеми влијанието на европското, националното и регионалното финансирање, треба да се отстранат хоризонталните и специфичните пречки за индустриите кои ги спречуваат инвестициите, препорачуваат уште од Брисел во својот извештај.

Во некои од нерзавиените региони во Италија и Шпанија пак растот на вработеноста е придружен со многу малку зголемување на продуктивноста, што значи дека акцентот бил кон откривање на работни места за нискообразованите вработени, односно и со ниско ниво на плати. Во годините на кризата вработувањето и во двете држави падна значително.

Во Португалија исто така има силен пад на вработеноста, кој не може да се компензира од зголемената продуктивност, а во Грција за време на кризата застана и растот на вработеноста и растот на продуктивноста. Падот на градежниот сектор и цените на недвижностите во јужниот сосед укажуваат и колку чувствителен бил растот во овие сектори во годините пред 2008-ма година.

Од ЕК посочуваат уште во својот извештај дека во периодот 2000 – 2013 година нивото на инвестиции се намалува речиси во сите разгледани региони, со исклучок на оние во Бугарија и Романија. Во 2013-та година, сепак има стабилизација на инвестициите, а растот е поголем во неразвиените региони.

Во однос на средината за завршување на бизнис во сиромашните региони имаат подобар напредок од нерзавиените во периодот меѓу 2010-та година и 2017-та година. Грција е земјата со најспоро подобрување на средината за правата на бизнис во анализираниот период.

Една од најпознатите држави во однос на понудата на услови за развој на бизнисот е Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП