28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУметници од цела Европа доаѓаат во Македонија

Уметници од цела Европа доаѓаат во Македонија

Успешни уметници од цела Европа доаѓаат во Македонија, а примарното место го добиваат живите статуи кои ќе имаат свој перформанс на меѓународниот фестивал „Урбан фест“.

Фестивалот ќе трае два дена, а започнува на 28.04 (петок) во 19 часот на Сквер Јадран. Првиот ден фестивалот ќе трае четири ипол часа, а вториот преку текот на целиот ден. Крајот ќе го заокружат диџеите Оги и Маци.

„Во 13:30 часот во сабота за време на концертот на џез составот од Скопје „Летечки Пекинезери“ ќе настапат и аритстите од „Европски статуа проект“ во кој свое учсетво земаат повеќмина артисти кои директно ја анимираат публиката присутна на местото каде што се случува фестивалот“, велат организаторите.

Настап на „Урбан фест“ ќе има и музичката група „Фолтин“. Настанот е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ продукција за улична уметност од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП