4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорската доверба во Германија достигна близу 6-годишен врв

Инвеститорската доверба во Германија достигна близу 6-годишен врв

Инвеститорската доверба во Германија се подобрува. Индексот на Центарот за европски економски истражувања (ZEW) во Манхајм се зголемува до највисокото ниво од јули 2011-та година.

Индексот за актуелните економски услови во Германија се зголемува од 77,3 поени во март до 80,1 поени во април. Очекувањата беа за скромно зголемување до 77,5 поени.

Мерачот на економските очекувања исто така се зголемува за 6,7 процентни поени до 19,5 поени – највисока вредност од август 2015-та година.

Очекувањата на експертите по финансиските пазари за економскиот развој на еврозоната се подобруваат благо и индексот расте со 0,7 поени до 26,3 поени.

Индикаторот за актуелните економски услови во еврозоната се зголемува значително – со 4,1 поени до 11,5 поени, што е највисоко ниво од мај 2008-ма година.

„Економската ситуација во Германија се покажа доста стабилна во првиот квартал“, коментира Ахим Вамбах, претседателот на „ZEW“. „Ова се нагласува од солидни податоци за растот на индустриското производство, градежништвото и продажбата на мало во однос на февруари. Освен тоа постојано високата побарувачка на работна сила дава поттик на приватната потрошувачка. Експертите по финансиските пазари очекуваат тој позитивен развој да продолжи“, дополнува Вамбах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП