15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААнсамблот „Хоризонте“ од Германија во Музејот на град Скопје

Ансамблот „Хоризонте“ од Германија во Музејот на град Скопје

Во рамките на манифестацијата Денови на македонската музика, вечерва во 20 часот ќе се одржи концерт на германскиот ансамбл Хоризонте.

Ансамблот „Хоризонте“ е во состав Данте Монтоја, флејта Мерве Казокогулу, кларинет, Хелене Шиц, харфа Марајке Норман, виолина, Марија Пахе, виола, Хауке Сивертсен, виолончело, Јорг-Петер Мишма, водач и обоа.

„Хоризонте“ се формирани во 1990 година, и до денес делува во различни формации, и е посветен пред се на изведба на современа музика.

Гостувањето на германскиот ансамбл „Хоризонте“ со своите аранжмани ќе донесе поважна од која било стилска дефиниција – тие ја сметаат желбата за создавање различни контексти преку тематски фокус, како и на специфични просторни ситуации.

На овој начин е овозможена ориентацијата на неподготвениот слушател во звуковниот свет на музичката модерна. Традиционалното и модерното, како и интеракцијата помеѓу музиката и другите уметнички жанрови претставуваат најважниот елемент во уметноста на ансамблот, што ги отвора вратите на современиот звук за пошироката публика, не поставувајќи го претходното музичко знење и искуство како предуслов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП